Кејша Неш Витакер, поранешна сопруга на актерот Форест Витакер, почина на 52-годишна возраст по битка со анорексија.
Ќерката на поранешната двојка, Тру Витакер (25) на својот Инстаграм профил ја потврди трагичната вест, нарекувајќи ја „најубавата жена на светот“ во емотивна објава, но не ја откри причината за смртта.
Извор изјави за DailyMail.com дека Неш-Витакер починала на почетокот на оваа недела откако била во болница во последните неколку месеци поради проблеми со цревата, по долгогодишна битка со анорексија.
„Кеиша со години се бореше со анорексија“, вели изворот. Форест остана покрај неа во тие тешки моменти, но во 2018 година поднесе барање за развод.
– Тие останаа пријатели и нивниот развод беше спогодбен. Витакер рече дека неговата сопруга е „љубезна, духовита и отворена, како и добра мајка за нивните деца“, рече изворот.
Покрај кариерата како модел и актерка, Кеиша беше претприемач со сопствена линија на детска облека и козметичка линија Kissable Couture.
– Во последната година Кејша како да станува се послаба и послаба. Таа не излегуваше како порано и многу време поминуваше во болница. Таа најмила возач да ја носи наоколу кога ги посетувала пријателите или излегувала надвор, рече изворот, додавајќи дека Форест продолжил да ја почитува Кејша по нивниот развод во 2021 година и многу тешко ја поднел нејзината смрт.
Кејша беше во брак со Форест 20 години и заедно имаат две ќерки – Тру и Сонет. Таа има и ќерка Ејтум од претходната врска, а тој синот Оушн од друга врска. Тие се венчаа во 1996 година на Јамајка, пред тој конечно да поднесе барање за развод во 2018 година, наведувајќи ги непомирливите разлики.
Двојката се запознала во 1994 година на снимањето на филмот Blown Away.