Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски

Семејството на Трпевски пред неколку години доживеа голема лична трагедија кога нивниот син Јовица беше меѓу 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук

Вчера починал поранешниот пратеник од редовите на СДСМ. Благојче Трпевски (60). Веста на социјалните мрежи ја споделија негови партиски колеги и другари кои упатија сочувство до неговото семејство и блиските.

„Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски. Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени.Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските“, објави пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Семејството на Трпевски пред неколку години доживеа голема лична трагедија. Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“, што се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од патот и се преврте.