Во седумдесет и деветтата година од животот денеска рано изутринава во Кичево почина поранешниот пратеник во Собранието на РМ Сали Рамадани. Погребан е на гратските муслимански гробишта во градот.

Рамадани беше активен на македонската политичка сцена во средината на деведеесетите години, првично како член на ПДП па потоа од редовите ПДПА од каде стана пратеник на ова партија. Потекнува од кичевското село Грешница.