Почина поранешниот премиер на СССР Николај Рижков

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Поранешниот премиер на СССР Николај Рижков почина на 95-годишна возраст, соопшти претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвијенко.

„Нè напушти човекот на епохата, човекот со единствена судбина и државникот со единствени размери“, наведе Матвијенко на Телеграм.

Рижков беше претседател на Советот на министри на Советскиот Сојуз од 27 септември 1985 година до 14 јануари 1991 година, пренесува РИА Новости.

Тој беше и комунистички кандидат на првите избори за претседател на Руската Федерација на 12 јуни 1991 година, на кои загуби од Борис Елцин.

Слични содржини