Почина последниот познат жив човек од 19 век

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Највозрасната жена во светот Ема Морати почина во саботата (вчера) во Италија на 117 години. Тоа го пренесе агенцијата АНСА, повикувајќи се на роднините на Морати.

Ема Морати е родена во 1899 година во општина Чивиаско, областа Пиемонт во северниот дел на Италија. Последните години од својот живот таа ги поминува во својот дом во општина Вербанија. Градот е во истата област на брегот на Лаго Маџоре – големо езеро во подножјето на Алпите на границата со Швајцарија.

Ема Морати беше последниот познат жив човек од XIX век.