Почина познат украински фудбалер

од Nikola Popovski
458 прегледи

Светов го напушти уште еден познат фудбалер. Алексеј Бахарев, поранешен играч од средниот ред на Шахтјор, почина на 45-годишна возраст.

Шахтјор не ја соопшти причината за смртта на овој фудбалер кој од 1999 до 2004 година го носеше дресот на овој клуб.

Тој забележа вкупно 177 настапи, постигна 13 гола и му помогна на клубот од Доњецк да освои две титули во националниот шампионат.

Покрај тоа, три пати го освои Купот на Украина.

Слични содржини