Почина познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида

од Radmila Tasevska

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, јави Анса.

Лолобриџида се прослави во 1950-тите како медитерански секс симбол, а подоцна работеше како фоторепортер и скулптор откако го напушти светот на филмот, објави Ројтерс.

Некои од нејзините најзабележителни филмови се: „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Звонарот од Нотр Дам“.

Слични содржини