Актерот Роберт Блејк почина на 90-годишна возраст по битката со срцеви заболувања.
Оваа вест ја потврди неговото семејство, поточно неговата внука Норин Остин, а ја објави CBS News.
Тој е најпознат во јавноста како ѕвезда на ТВ драмата од 1970-тите „Baretta“, „Lost Highway“ на Дејвид Линч и „In Cold Blood“.
Роберт Блејк е роден на 18 септември 1933 година во Њу Џерси.
Тој важеше за еден од најголемите таленти на неговата генерација, но неговата кариера пропадна по неговото апсење во 2001 година.
Имено, неговата сопруга останала сама во автомобилот кога дошло до пукање при што била убиена. Актерот бил осомничен за убиство, а на полицијата ѝ рекол дека се вратил во италијанскиот ресторан каде што вечерале за да го земе пиштолот кој му паднал, а таа била мртва кога се вратил во автомобилот.
Во 2005 година, Блејк беше ослободен од обвинението за убиство на неговата сопруга Бони Ли Бакли. Сепак, нејзините деца набрзо поднеле тужба против актерот, а добиле пресуда дека актерот сепак е одговорен за смртта на нивната мајка.
Роберт Блејк мораше да плати отштета од 15 милиони долари.
Интересно е тоа што тој беше инспирација на Квентин Тарантино за ликот кој го толкуваше Бред Пит во филмот „Once upon a time in Hollywood“, кој исто така беше обвинет и за убиството на сопругата.