Почина познатиот банкар Џејкоб Ротшилд

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Финансиерот и член на банкарското семејство Ротшилд, лорд Џејкоб Ротшилд, почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Ротшилд ја започнал својата кариера во семејната банка, NM Rothschild & Sons, во 1963 година, пред да ја основа тогашната J Rothschild Assurance Group, сега St James’s Place, со Марк Вајнберг во 1980 година, објави „Индипендент“.

Тој, исто така, го основаше Windmill Hill Asset Management, кој управува со филантропското портфолио на семејството.

Во текот на својата кариера ја извршуваше функцијата заменик претседател на тогашната телевизија BSkiB, а бил и претседател на Управниот одбор на Националната галерија.

Слични содржини