Почина познатиот Бојси од серијата „Сплетки“

од Nikola Popovski

Британскиот актер Џон Чалис, популарниот Бојси од серијата „Сплетки“ (Only Fools and Horses) почина вчера на 80-годишна возраст.

Неговото семејство изјави дека тој починал „мирно во сон, по долга борба со ракот“, пренесува Би-Би-Си.

„Тој секогаш ќе биде сакан како Бојси и затоа што остави големо наследство во неговата работа што ќе продолжи да ни носи задоволство и да не насмевнува уште многу години“, велат од неговото семејство.

Тој неколку пати го посетил Белград, а пред еден месец беше објавено дека поднел барање за српско државјанство.

Чалис глумел во повеќе од 70 телевизиски серии, седум филмови и неколку радио драми. Имал и значајни улоги во театрите во Лондон и Њујорк, но најпознат е по ликот на Теренс Обри Бојси во британската серија „Сплетки“.

Фото: Profimedia

Слични содржини