Почина познатиот чешки писател Милан Кундера

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Почина чешкиот писател Милан Кундера, објави во среда Чешката телевизија. Познатиот писател имаше 94 години, а едно од неговите најпознати дела беше книгата „Неподносливата леснотија на постоењето“.

Кундера доби пофалби за неговиот стил на прикажување теми и ликови кои лебдат помеѓу приземната реалност на секојдневниот живот и возвишениот свет на идеи, пренесe Ројтерс.

Тој е роден во чешкиот град Брно, но емигрирал во Франција во 1975 година, откако бил исфрлен бидејќи ја критикувал советската инвазија на Чехословачка во 1968 година.

Инаку, државјанството на Кундера и неговата сопруга Вера беше вратено во 2019 година, по 40 години, на предлог на чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Слични содржини