Почина познатиот тренер Андон Бошковски

од Берта Китинска

Почина познатиот македонски ракометен тренер Андон Бошковски. Бошковски целиот живот го посвети на овој спорт.

Тој е роден на 5 октомври 1974 година. Како играч настапуваше за составот на Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија пред млад да ја заврши играчката кариера поради повреда на раката.

Ја почна тренерската кариера во клубот каде што ја заврши играчката кариера, Работнички. Во 2004 година се пресели како асистент тренер во составот на Металург. Со тимот од Автокоманда го освои првенството на Македонија и беше дел од ЛШ. Потоа го водеше и тимот на Младост Богданци, пред да се врати во Металург каде остана до 2011.

Слични содржини