Пејачката Зденка Вучковиќ, која важеше за првата детска ѕвезда во поранешна Југославија, починала на 78-годишна возраст.
Таа починала по кратко, но тешко боледување. Вучковиќ се прослави покрај Иво Робиќ, со песната „Мала девојчица“, која на овие простори се памети како „Тата, купи ми ауто“.
Нејзиниот талент бил откриен на музички натпревар, а потоа учела и музичка школа, а знаела да свири и на хармоника. Во 1989 на Загребскиот фестивал се прости од музичката сцена, со песната „Одрасла је девојчица мала“, но сепак настапуваше и потоа.
Кога се појави Северина на музичката сцена, многумина ги поврзуваа како роднини (една од сестрите на Северина се вика Зденка), но тие не се роднински поврзани. Во 1991 година тие заедно настапија со песната „To Love Somebody“.