Почина првата француска Бонд девојка

Француската актерка Клодин Оже, која се прослави како првата „француска девојка“ на Џејмс Бонд, почина на 79 година, денеска соопшти агенцијата Тајм Арт.

Со Шон Конери во улогата на Агентот 007, играше во филмот “Операција гром“ во 1965 година. Клодин Оже започнала со споредните улоги во филмвите на Роми Шнајдер и Ален Делон.

Клодин Оже, својата кариера ја започнала како манекенка, таа станала „Мис на Франција“, а во 1958 година била прва придружничка на Мис на светот.

Слични содржини