Почина првото куче во САД заразено со коронавирус

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Германски овчар, по име Бади, е првото куче во САД на кое му е дијагностициран коронавирус. По неколкумесечно боледување, неговите сопственици и ветеринарот одлучија дека е најдобро да го успијат, пренесе „Нешнл џеографик“.

Бади ги имаше првите симптоми на вирусот кон средината на април, нешто пред неговиот седми роденден. Тој имаше потешкотии во дишењето, изгуби тежина и само по неколку посети на ветеринари и третман, на 15 мај беше тестиран за Ковид-19.

Сепак, резултатите пристигнаа едвај на 2 јуни и беа позитивни.

На денот на неговата смрт, Бади повраќал крв, а ветераните потврдија дека е веројатно дека кучето има и лимфом. Ништо не можело да се стори.

Сепак, ветеринарите не можат со сигурност да кажат дали кучето починало како резултат на лимфомот или коронавирусот.

Слични содржини