97
Четириесет и петгодишен сезонски работник од Прилеп вчера починал при истовар на жито од товарно моторно возило во фабриката „Жито“-Прилеп, соопшти МВР.
– Вчера околу 15:15 часот во Прилеп, во фабриката „Жито“-Прилеп, при истовар на жито од товарно моторно возило, на сезонскиот работник М.И.(45) од Прилеп, му се слошило, паднал од приколката, а врз него паднала и вреќа со жито, по што починал на местото на настанот, се наведува во соопштението.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.