Американскиот рапер Кулио ненадејно почина на 59-годишна возраст. Тој е најпознат по култниот хит Gangsta’s Paradise, објавен во 1995 година, кој стана една од најпопуларните мелодии на деценијата.
Неговиот долгогодишен менаџер Џерез Поси за американските медиуми изјавил дека раперот бил на гости кај пријател во дом во Лос Анџелес и бил пронајден како лежи во бањата, безживотно.
Точната причина за смртта не е објавена, но менаџерот изјави за TMZ дека лекарите веруваат дека Кулио доживеал срцев удар.
Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, започна со музика во 1980-тите, но го зацврсти своето место во историјата на хип-хопот кога ја објави песната Gangsta’s Paradise.
Песната беше насловна нумера на филмот Dangerous Minds во која глуми Мишел Фајфер, а за неа Кулио освои Греми.
Песната беше број еден на музичките топ листи во 13 земји и стана најпродаваниот сингл на годината во САД.