Почина режисерот на “Ну, погоди” Јуриј Бутирин

од desk3
102 прегледи

Рускиот режисер и уметник-аниматор Јуриј Бутирин, еден од креаторите на култната серија “Ну, погоди”, почина на 87-годишна возраст, соопшти ТАСС.

“Оваа ноќ во Москва почина режисерот, уметник и аниматор Јуриј Александровац Бутирин”, се вели во соопштението на сајтот animator.ru.

Nu-Pogodi-18-1993-XviD-DVDRip-weconty

Тој е роден на 21 март 1930 година. Во 1949г. го завршува Московското уметничко-индустриско училиште со специјалност скулптура. Работи на реконструкција на згради во Москва и Ленинград (денешен Санкт Петербург) по Втората светска војна. Во 1964. завршува курс за уметници-аниматори, односно во 1968 и 1973г. дебитираше како аниматор и режисер во советскиот анимиран филм.

Учествува во создавањето на многу познати детски филмови како “петелот и боите”, “Дјујмовочка” и други.

Во 70-тите влегува во креативниот телевизиски колектив “Екран”, каде работи на “Ну, погоди” и други популарни анимации кои станаа класика.