297
Рудар од рудникот „Чашка“, во селото Плетвар, во текот на вчерашниот ден при пад се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен до Општата болница Прилеп, каде починал, информира Министерството за внатрешни работи.
Полицијата и Јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на Јавниот обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.