Почина снимателот кој ги регистрира првите снимки од земјотресот во 1963 година

од Nikola Popovski
279 прегледи

Почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски-Гањо, познат по тоа што ги регистрирал и направил првите снимки од рушевините на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Tој исто така е еден од ретките кој ги снимал настаните на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.

Популарниот Гањо бил сведок на неколку војни и природни катастрофи,земјотреси низ светот. Со неговиот фото објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини.

Слични содржини