Почина сопругата на Стен Ли

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Сопругата на легендарниот автор на стрипови Стен Ли почина денеска на 93-годишна возраст само една недела откако доби мозочен удар. Ова го соопшти денеска портпаролот на двојката Доун Милер.

“Ние сме вистински ожалостени од загубата на Џоан Ли. Загубивме член од семејството на” Марвел “и нашите мисли и молитви одат за Стен и неговата ќерка Џоан”, изјавија од “Марвел Стрип”, каде Стен ја поминува речиси целата своја творечка кариера.

Ли Стен се жени за Џоан Букок на 5 декември 1947 година. 3 години подоцна се раѓа и нивната прва ќерка, која исто така го носи името Џоан Силија Ли. Втората ќерка Џанг умира три дена по раѓањето во 1953 година, по што семејството одбива да има други деца.