Сопругот и менаџер на познатата канадска пејачка Селин Дион, Рене Анжели, почина синоќа во 73-та година од животот по долгата борба со ракот на грлото.selin-dion

Како што објавија американските медиуми, Анжели починал во својот дом во Лас Вегас.

Анжели, која ја откри Дион и е заслужен за нејзината успешна кариера, со неа беше во брак од 1994 година.

Портпаролката на канадската поп дива информира дека дополнително ќе бидат соопштни повеќе детали за „оваа трагедија“.

– Семејството замолува во овие моменти на жалост да се почитува нивната приватност, нагласи таа.

Слични содржини