Почина српскиот рапер Бане „187“, поранешното момче на Ксенија Пајчин

386 прегледи

Бане Ковачевиќ, некогашен рапер и член на групата „187“ почина минатата ноќ во Белград.

За неговиот приватен живот многу малку се знае. Во август објавил фотографија од Клиничкиот центар во Белград, а јавноста не била ниту запознаена дека раперот боледува од тешка болест.

„Борбата е завршена, излегов како победник“, порачал тој тогаш, а под фотографијата се нижеле честитики и зборови со поддршка.

Borba je završena, izašao k'o pobednik.

Публикувахте от Bane Kovacevic в Сряда, 31 юли 2019 г.

Од некогашниот рапер пријателите и членови на семејството се простуваат по пат на социјалните мрежи. Како што наведува неговиот пријател и рапер Небојша Миниќ Хеле, Бане не ја издржал операцијата на срцето.

„За жал информацијата е точно. Имаше ноќва операција на срце и не можеше да издржи. Се се случи околу 10 часот навечер“, изјавил тој.

Бане Ковачевиќ е роден 10. ноември 1978, а почина на 41 година. Беше член на групата „187“ од нејзиното основање во деведесетите години, заедно со Марко Јанковиќ и Пеџа Радисављевиќ.

Тој беше во врска со една од најубавите пејачки на српската естрада, Кеснија Пајчин, која трагично го загуби животот. Нејзиното тогашно момче Филип Каписода ја уби пукајќи ѝ со пиштол, а потоа се самоуби, Бане тогаш и посвети песна „Ja bih pošao za njom“.

Слични содржини