Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.
Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија.
Според информациите кои роднини им ги кажале на медиумите, питата ја правела повозрасната жена со два вида брашно и со праз.
Од Клиниката за Токсикологија соопштија дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
Инаку, „метомил“ е инсектицид и е опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.
Познат е и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава.