Почина странски турист во Охрид

Турист почина на плажа во Охрид

од Nikola Popovski
44 прегледи

Странски турист починал додека бил на одмор во Охрид, информираат од полицијата.

Според информациите, вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.

-По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, истакнуваат оттаму.