Почина студент по пад од студентскиот „Кузман Јосифовски“ – Скопје

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Дваесетгодишен студент од Прилеп паднал од четвртиот кат од студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во центарот на Скопје.

images (2)

Повредениот Д.Р. е пренесен во Ургентниот центар каде вчера во 18 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а според првичните сознанија на полицијата станува збор за самоубиство.