Почина светски шампион и легенда на југословенскиот ракомет

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Познатиот хрватски ракометар и ракометен тренер Златко Сарачевиќ почина во неделата вечерта како резултат на срцев удар на 60-годишна возраст.

Тажната вест ја пренесоа хрватските медиуми, кои наведуваат дека на Сарачевиќ му се слошило по натпреварот на ЖРК Подравка, чиј тренер е, и Локомотива од Копривница.

Сарачевиќ се почувствувал лошо откако ја напуштил салата, а тренерот на голманите, Барбара Станчин веднаш повикала брза помош.

Лекарите му пружале помош околу четириесет минути на Сарачевиќ. Тој бил пренесен во Општата болница Копривница „Томислав Бардек“, но за жал не бил спасен.

Локалните медиуми, исто така, известуваат дека веднаш по натпреварот, тој дал изјава во која посочил дека му е драго за победата на неговиот тим од 32:29, што, како што се покажа, ќе бидат едни од неговите последни зборови.

Златан Сарачевиќ е роден во Бања Лука во 1961 година. Својата професионална кариера ја започна во Борац и веќе таму покажа дека е еден од најдобрите ракометари во Југославија од осумдесеттите години.

Помина десет години во клубот од неговиот роден град пред да замине во Медвешчак, каде играше три години и го освои Купот на Југославија во два наврати – во 1989 и 1990 година. Подоцна играше за Ним, Бордо, Истра и Крит. Тој беше двапати француски шампион и беше најдобар стрелец таму.

Тој беше и најдобар стрелец во Лигата на шампионите, а подоцна во својата кариера играше за Веспрем и Замет Кротек. По 2002 година, тој започна да работи како тренер.

Со репрезентацијата на Југославија беше светски шампион во 1986 година во Швајцарија, освои бронза на Олимписките игри во Сеул, а се најде на врвот и во Атланта со Хрватска.

Слични содржини