351
Таткото на познатата американска раперка Ники Минаж, Роберт (64), почина откако го удрило возило додека шетал по улиците во Њујорк.
Роберт Минаж бил удрен од возило, кое не запрело, но возачот побегнал од местото на настанот, а очевидците не можеле да го опишат осомничениот, соопшти полицијата, пренесува ТМЗ.
Во критична состојба бил пренесен во локалната болница, каде викендов им подлегнал на повредите.