Еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња, легендарниот Васил Рингов, почина на 70-годишна возраст по кратко боледување.
Роден во Струмица во 1955 година, Рингов ја започна својата кариера во Беласица, по што играше и за Партизан, Тетекс и Вардар, каде што остави најдлабок белег.
Одигра над 200 лигашки натпревари за Вардар и постигна 93 гола, станувајќи еден од симболите на клубот во 1980-тите. Беше дел од генерацијата на Вардар која беше шампион на Југославија во 1987 година, но титулата подоцна му беше вратена на Партизан.
Кратко играше и за Динамо Загреб, како и за германскиот клуб Ајнтрахт Брауншвајг.