Почина велосипедистот кој беше прегазен кај „Југодрво“

од Nikola Popovski
585 прегледи

По тешката сообраќајна несреќа, што се случи денеска на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, во близина на Југодрво, едно лице им подлегна на повредите, информираа од МВР.

Според полицијата, педесет и четиригодишен скопјанец го возел велосипедот кога во него удрил автомобил околу 10.30 часот.

-Автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.

Слични содржини