Почина виолинистот Зоран Џорлев

од Nikola Popovski
544 прегледи

Познатиот македонски виолинист и професор Зоран Џорлев почина денес, како последица на инфекција со коронавирус.

Маестро Џорлев публиката го препознаваше и по серијалот ТВ-емисии посветени на традиционалната македонска песна. Повеќе од две и пол децении беше во хармоничен брак со Офелија со која има два сина.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го помина детството. Талентот за музика го наследи од татко му Наско, признат композитор на народна музика и водач на оркестар. Во 1989 дипломира виолина на ФДУ. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи, каде пријателите почнаа да се простуваат од легендата.