Почина внукот на Боб Марли

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Почина Џозеф Мерса Марли, внук на легендарниот Боб Марли. Имаше 31 година, пишува магазинот People.

Неговиот претставник за медиуми ја потврди смртта. Според радиото WZPP, Џозеф бил пронајден во неговиот автомобил, но официјалната причина за неговата смрт се уште не е објавена.

Џозеф е јамајканско-американски уметник. Од него се прости и премиерот на Јамајка.

„Нека најде вечен мир додека ние жалиме за неговото заминување“, напиша Ендрју Холнес.

Од детството бил опкружен со музика

Роден е во Јамајка во 1991 година, но на 11-годишна возраст се преселил во Мајами. Тој беше изложен на музика од рана возраст. Џозеф ја објави првата песна во 2010 година, а целосниот албум беше објавен во 2014. Минатата година го издаде вториот и последен албум.

Додека ги промовираше песните, Џозеф зборуваше за својот дедо.

„Секогаш ги слушаме мислењата на луѓето за улогата што ја играше не само како член на семејството и татко, туку и во светот и влијанието што го имаше врз реге заедницата и културата“, навел Џозеф.

Слични содржини