Почина внукот на Роберт Де Ниро на 19-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Роберт де Ниро доживеа семејна трагедија. На 19-годишна возраст почина внукот на познатиот актер, Леандро Де Ниро Родригез.

Ќерката на Роберт Де Ниро, Дрена Де Ниро на Инстаграм објави фотографија од својот син со емотивна порака.

„Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав повеќе од сè од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал“, напиша Дрена со фотографија од нејзиниот син.

Не се познати деталите за околностите на смртта на Леонардо Де Ниро.

Да потсетиме, Дрена е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а нејзината мајка е актерката Дијана Абот, првата сопруга на Де Ниро. Дрена го доби Леандро во бракот со уметникот Карлос Маре.

Слични содржини