Почина возачот на брзата помош кој ги превезуваше повредените од трагедијата во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
1,3K прегледи

Иле Гоцевски, возачот на брзата помош кој цела ноќ неуморно превезуваше повредени од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрово ја загуби битката за својот живот.

Гоцевски, кој беше меѓу првите на местото на несреќата, не престана да работи и покрај хаосот и огромниот број повредени. Неговите колеги велат дека тој со часови бил на терен, давајќи сè од себе за да помогне на настраданите.

Во пожарот што избувна во неделата рано наутро, животот го загубија најмалку 59 лица, додека 155 се повредени. Според првичните наоди на истрагата, причината за пожарот биле пиротехнички средства кои запалиле лесно запаллив материјал на таванот, што довело до брзо ширење на огнот и стампедо кај присутните.

Македонија тагува за сите загубени животи, а Иле Гоцевски останува запаметен како херој кој до последен момент се бореше да спаси што повеќе луѓе.

Слични содржини