СВР Куманово соопшти дека вчера во 14.12 часот било пријавено дека починал осуденикот И.Н. (66) од Куманово.
Во Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.