Кумановската полиција информира дека 45-годишен затвореник од Гевгелија починал во кумановскиот затвор К’шање. Немилиот настан бил пријавен после ноќеска после полноќ.
-Денеска во 00:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во казнено – поправната установа Затвор К’шање починал осуденикот И.П.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираа од СВР Куманово.
По насока на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
И покрај критиките и главните забелешки на неколку домашни и меѓународни организации во делот на здравствената заштита на затворениците во казнено-поправните установи во земјава, затворениците продолжуваат да се жалат на непроменета слика во затворите. Недостиг на медицински лица, лекарска терапија, психијатриска помош се дел од работите на кои се жалат затворниците до Народниот правобранител