Британскиот актер кој се прослави во филмовите Војна на ѕвездите, Ендрју Џек, почина вчера како последица на коронавирусот на 77 години, потврдил неговиот портпарол.
Во серијата го глумел Калуан Емата, а зад себе има неколку филмови. Починал во болницата во Чертсеј, а откако било потврдено дека е позитивен на вирусот се појавиле бројни компликации.
За жал, последните моменти не ги поминал со сопругата Габирела, која моментално се наоѓа во карантин во Австралија, а странските медиуми пишуваат дека не ни разговарале пред смртта.