Починаа 20 лица од Ковид-19, 12 се од Скопје

од Nikola Popovski
228 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од коронавирус се починати 20 пациенти.

Билансот по градови изнесува 12 од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.

Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831.

Слични содржини