Починаа 6 лица како последица од Ковид-19, вкупно 2.785 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека починале нови 6 лица како последица од коронавирусот во изминатово деноноќие.

Од нив, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата починаа вкупно 2.785 лица.