Починаа уште двајца членови на бендот ДНК

од Vladimir Zorba
8,8K прегледи

Меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се и Игор Велков, тапанар на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски, познат како Буцо Битбокс. Меѓу изведувачите досега има вкупно седум жртви.

Засега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорѓи Горгијев и придружниот вокал Сара Пројковска, а потоа и пејачот Андреј Ѓорѓиески

Трагичната вест за смртта на уште двајца членови ја соопшти Тамара Тодевска, сестрата на Тијана Дапчевиќ, која јавно се прости од нив.

Слични содржини