144
Пријавен смртен случај кај 53-годишен тетовец поради струен удар. Според СВР Тетово, човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.
-Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер во неговиот дом на улица „Велешка“ во Тетово, информираат од СВР Тетово.
Полицијата извршила увид, при што на телото на А.М. не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото му било предадено на семeјството.