Министерството за внатрешни работи соопшти дека 51-годишен скопјанец починал додека извршувал работни задачи.
„Околу 8 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на улицата Христо Татарчев во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т. П. (51) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од полицијата.
Увид извршила екипа на СВР Скопје.