Починал таксист поради сметка од 9 фунти: Муштерија заразен со коронавирус го плукнал во лице

од Nikola Popovski

Таксистот Тревор Бел починал од коронавирусот, откако бил плукнат од заразен муштерија, кој не сакал да плати за возењето.

Според еден пријател на семејството, Дамјан Бригс, таксистот бил плукнат од клиент која тврдел дека го има коронавирусот, сè затоа што не сакала да плати за возење од девет фунти (околу 618 денари).

„Јас го имам вирусот, а сега го имате и вие“, наводно му рекол муштеријата на 61-годишниот Тревор по инцидентот на 22 март во Источен Лондон, пренесува „Метро“.

После тоа, Бел не се чувствувал добро и забележал дека има симптоми на коронавирус. Тој починал на 18 април во болница во Лондон, а тестот утврдил дека е заразен со смртоносната инфекција, а пријателите и роднините се сомневаат дека се заразен токму од таа клиентка.

„Неколку дена подоцна тој мораше да оди во болница затоа што не се чувствуваше добро. Се бореше три недели, но сепак не успеа да го победи вирусот. Ужасно е што тој е заразен при работење на својата работа. Ретко можеше да се види нешто што му пречи. Без оглед колку и да му беше лошо, тој секогаш ќе најде начин да се насмее“, изјавил Бригс и додал дека Тревор починал три дена по неговиот 61 роденден, а неодамна станал и дедо.

По неговата смрт, крвта на Бел им била донирана на истражувачите за да дознаат повеќе за Ковид-19.

Поставена е кампања за помош на веб-страницата GoFundMe за да се соберат пари за погребот на Тревор. Собрани се повеќе од 6.700 евра, што е двојно повеќе отколку што првично била целта.

Слични содржини