Починат скопјанец пронајден во двор на црква во Карпош

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Педесет и седумгодишен скопјанец со иницијали С.С. бил пронајден починат во дворот на црквата „Св. Јован“ во населбата Карпош во главниот град.

„На 24.02.2023 во 07.55 часот било пријавено дека на влезот од црквата „Св.Јован“ на територија на општина Карпош, бил пронајден починат С.С.(57) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство“, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Слични содржини