Починатата родилка веќе била на респиратор

Родилката која почина како последица од Ковид 19, била на респиратор

Во текот на вчерашниот ден, почина 22-годишна родилка како последица од Ковид 19. Истата како што соопштија од Министерството за здравство, имала веќе дијабетис, но и проблеми со тироидната жлезда.

Родилката пред неколку дена се породила на Гиниколошката клинија, но родила мртов плод, по што за нејзината состојба која била тешка се бореле лекарите. Исто така, се посочува дека пацинетката била и на респиратор.

„Дваесет и двегодишната пациентка, ковид позитивна, на 26 ноември од ГАК е префрлена во ГОБ ‘8 Септември’ во многу тешка состојба. На Клиниката за Гинекологија била три дена поради комплицирана бременост, породен е мртов плод со царски рез. Нејзината здравствена состојба била многу лоша и пациентката за цело време била на респиратор“, посочија од Министерството за 360 степени.

Слични содржини