Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, а не да се оперира, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Вели дека за жал не знае што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се изврши обдукција.

-Да беше направена обдукција ќе се знаеше, бидејќи е констатирано дека имал и други здравствени проблеми, не е само аневризма на аортата, рече Таравари.

Слични содржини