203
На Инфективното одделение при велешката Општа болница денеска е починат пациент на 65 годишна возраст од Велес, позитивен на Ковид-19, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа Болница.
Тој не бил вакциниран против Ковид-19.
Инаку, последен починат од Ковид-19 во велешката болница е регистриран на 16 мај, пред речиси три месеци, информира за МИА д-р Јованова.