200
Бебето било родено живо, според првичниот извештај, но имало тахикардија, по што и белодробно срцево оживување и понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од таму утре ќе испратат инспектори во Битолската клиничка болница, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити после смртта на новороденчето во Битола.
Тој од Битола изјави дека дошол во ненајавена посета на болницата за да види кој е пропустот и дали може нешто да се подобри.
-Длабоко сочувство и до младата родилка за загубеното бебе. Ако има пропуст, ќе има и одговорност. Таа е 24 годишна и ова и е прво породување. Сега разговарав со неа, рече кратко Меџити во изјава за медиумите.