Почна да функционира радарскиот систем Ѓуриште за детектитање градоносни облаци

од desk2
128 прегледи

Невреме проследено со врнежи од град најмногу материјални штети им нанесува на земјоделските посеви.

Радарскиот систем за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди , инсталиран во 2005 година во Ѓуриште кај Свети Николе, од пред 4 години не беше во функција. На иницијатива на локалната самоуправа и директорот на станицата, министерството за земјоделие одвои средства за санација на проблемот.

 

– Недозволиво е неколку години да не биде во функција. Мене ми е особено драго што е завршена работата за надградба и поправка на целиот овој систем во Ѓуриште, преку програмата за Рурален развој од каде се одвоени 3 милиони денари за овој систем. –изјави  Љупчо Николовски , министер за земјоделие.

 

Од почетокот на годината, извршена е реконструкција на повеќе метеоролошки станици, во Штип, Демир Капија и Крива Паланка и инсталирање на агро метеоролошки станици во Градско, Кочани и Струмица.

 

– Паралелно со стоа, министерството е посветено и на покрупните проекти на кои сме насочени, а тоа е носењето на новиот Закон во делот на земјоделското осигурување, формирање на земјоделски осигурителен пулт, додаде Николовски

 

Во периодот што следува Николовски најави инсталирање на комплетно нова анти градобијна опрема.