“Почна да се одмотува”- Спасовски потврди дека личните карти доставени од Фокус се фалс, на 90 лица им е украден идентитетот

од desk3
87 прегледи

Првиот полицаец Оливер Спасовски, денеска пред пратениците потврди дека се фалсифификувани личните карти доставени до полицијата од страна на новинарот на неделникот „Фокус“.

oliver spasovski

“До Министерството се доставени 105 примероци и од нив е утврдено дека на над 90 граѓани им е укратен идентитетот. Истрагата треба да покаже кој ги фалсификувал исправите, за која цел, кој дала наредба и дали биле искористени во изборниот процес. Истрагата е во тек, а првичното вештачењето е завршено што се однесува на тоа дека хартијата на печатените материјали е фалсификат. Откриено е дека од тие 105 лични карти, на 90 луѓе им е украден иденетитетот. Се однесуваат за Куманово, Кичево, Штип, Гостивар, Скопје и итн”-рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ .

Чистка!?- Роберт Орданоски не е реизбран за директор на АЕК

“Врз основа на наредба на Јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика, кои го имаат Избирачкиот список за да видиме дали тие биле воопшто употребени и дали се користени за некои други цели. Најважно од се е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал овие лични карти, зошто ги фалсификувал, дали и за што биле употребени, по чија наредба биле правени. Тоа е добро не само за вас, туку за РМ за да видиме дали има некој што фалсификува лични карти или други некакви документи, со цел граѓаните да имаат сигурност во овој дел, рече Спасовски.

Спасовски, посочи дека било пријавено во МВР дека постои индиција за фалсификувани лични карти поточно 105 примероци. Веднаш, потоа пријавителот бил примен од директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, кој не е променет кадровски, туку е истиот директор од претходниот министер за внатрешни работи. Предметот потоа е даден во одделот за оргнизиран криминал каде што началник е Зоран Глигоров, назначен од претходниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.